Јули беше најтоплиот месец досега забележан на Земјата, потврди денеска климатската опсерваторија на ЕУ.

Одбележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, претходниот месец беше за 0,33 степени Целзиусови потопол од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура беше 16,63 степени Целзиусови, се вели во извештајот.

„Месецот беше 0,72 степени потопол од просекот од 1991 до 2020 година за јули“, се вели во документот, пренесува АФП.

Глобалното затоплување од околу 1,2 степени Целзиусови од крајот на 19 век, предизвикано од согорувањето на фосилните горива, ги направи топлотните бранови потопли, подолги и почести, а други временски екстреми како бури и поплави се засилија.

Топлотните бранови се појавија во неколку региони на северната хемисфера, вклучително и Јужна Европа. Температури многу над просекот се случија во неколку јужноамерикански земји и околу поголемиот дел од Антарктикот“, објави климатската опсерваторија на ЕУ „Коперник“.

Светските океани поставија и нов температурен рекорд, предизвикувајќи загриженост за негативните ефекти врз климата на планетата, морскиот живот и крајбрежните заедници.

Температурата на површината на океаните се искачи на 20,96 степени Целзиусови на 30 јули, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на ЕУ.

Претходниот рекорд беше 20,95 степени Целзиусови во март 2016 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *