Во Бугарија започна снимањето на биографскиот филм „Марија“ за најголемата оперска дива на сите времиња, Марија Калас. Магазинот Variety ги објави првите фотографии од сетот на кој можеме да ја видиме Анџелина Џоли во насловната улога. Според официјалниот опис на претстојниот биографски филм, „Марија“ ќе го следи животот на легендарната и контроверзна пејачка, а во фокусот на филмот ќе бидат нејзините последни денови поминати во Париз во 1970-тите.