Англија ја победи Шпанија со 3:2 во Мадрид во последното коло од групната фаза на Лигата на нации. Со победата го освои првото место во групата и се пласираше во четвртфиналето. Англичаните така се реваншираа за поразот на „Вембли“ во првиот меѓусебен натпревар.

Англија под водство на Томас Тухел 1 час и држеше фудбалски час на светската велесила Шпанија и водеа со неверојатни 0:3 среде Мадрид.

Англичаните предводени од Хари Кејн, Белингем и Гордон доминираа на теренот, создаваа шанси и даваа голови преку капитенот Кејн, стоперот Конса и бекот Бен Вајт.

Но во 63′ минута останаа со играч помалку по грубиот фаул во шеснаесетникот на Елиот Андресон врз Ламин Јамал, Шпанија доби пенал, Микел Ојарзабал намали на 1-3, па нововлезениот Нико Вилијамс на 2-3 и до крајот се гледаше драма.

Новинар Никола.А

16/11/2026