Победникот на УС Опен и од денеска најдбар светски тенисер Карлос Алкараз (19) се наоѓа и на првото место според заработката во 2022 година. Младиот шпански тенисер само од турнирските награди инкасирал 7.39 милиони долари. На второто место според заработката е неговиот сонародник Рафаел Надал, кој годинава инкасирал 6.69 милиони евра. 

Трет е финалистот на УС Опен, Каспер Руд од Норвешка со заработка од 4.64 милиони долари, а на четвртото место е грчкиот тенисер Стефанос Циципас (4.41 милиони долари). 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *