Во рамки на големиот јубилеј “30 години Авалон”, на 21-ви март во Македонската филхармонија ќе се одржи музичкиот концерт на Николче Мицевски “New Era”, загарантиран музички спектакл. Заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд составен од 50 академски музичари, Никола Мицевски подготвува едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика. Албумот “New Era” претставува симбиоза на традиционални и модерни мелодии во фузија со џез, фанк и електронска музика. После успешните концерти одржани во Битола и Велес, скопската публика ќе има ексклузивна можност и шанса да ужива во музичко патување на Никола Мицевски во Македонската Филхармонија.